X
 06.08.2017 Наука

Начини на кои можете да оставите добар прв впечаток

Александар Тодоров е професор по психологија на Универзитетот „Принстон“.

фото извор: Getty Images

Неговото истражување за тоа како ни влијаат лицата на луѓето е светски познато, а тој вели дека самиот процес се случува побрзо отколку што мислиме. Сега се знае дека не се потребни повеќе од 200 милисекунди за да забележите нечие лице. Па така, потребен е само дел од секундата за да оставите прв впечаток. Но, како тој впечаток да биде позитивен? Ова се советите на Тодоров:

2. Средувајте ги веѓите

Тодоров објаснува дека веѓите играат голема улога во тоа како ги перципираме емоциите. Тие се, според него, поважни и од очите. Луѓето дури повеќе можете да ги препознаете по веѓите и без да ги гледате нивните очи.

2. Наспијте се добро

Најдобро изгледаме кога сме наспани и одморени и со самото тоа и самите ќе се чувствуваме позитивно.

 3. „Феминизирајте“ го вашето лице

Тодоров вели дека оние лица што изгледаат пофеминизирани се рангирани како лица на кои повеќе им се верува, во спроведените студии.  Соодветната шминка може многу да помогне за да покажете доверлив изглед и не многу доминантен. Иако звучи како сексистичка психологија, Тодоров вели дека прави мала разлика.

4. Носете удобна облека

Ако се чувствувате пријатно во облеката што ја носите, ќе бидете поопуштени во разговорите и ќе изгледате поубаво.

 5. Не носете брзи заклучоци

Не треба да се донесуваат брзи одлуки само врз основа на првиот впечаток. Мора да се знае, како што вели психологот, дека постојат многу околности поради кои се формира одреден впечаток, и тој често може да биде погрешен. Затоа, тој советува да се биде внимателен.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука