X
 07.03.2019 Наука

Лоши сте во математика? Веројатно сте гениј!

Ако бевте еден од оние несреќни ученици што се плашеа од дропки и чии кошмари беа исполнети со бројки и тригонометрија, тогаш имаме добри вести за вас.

Вие всушност сте гениј.

„Природниот“ талент за математика е мит. Всушност, Елсбет Стерн, професорка на Техничкиот универзитет во Цирих, во еден нејзин труд тврди дека математиката е фундаментална човечка способност.

- Во случајот на математиката, сосема е веројатно дека природата ги опремила човечките суштества со интуитивно знаење за бројот и чувство за големина - пишува таа и тврди дека лошите математички оценки обично произлегуваат од неефективната настава по математика. Но, оваа претпоставка се менува кога станува збор за способноста за учење, како што е дискалкулија.

Таа вели дека образовниот систем е неуспешен за оние што инаку би биле одлични со бројки.

- Сериозниот недостиг на концептуалното разбирање се јавува дури и кај најинтелигентните студенти и често не можат да ги пренесат согледувањата што треба да ги стекнат за проблеми што се разликуваат од оние со кои се справуваат во рамките на училницата - вели таа.

Напорната работа е поважна од генетиката

Децата што се запознале со математиката од рана возраст имаат голема веројатност да бидат добри на почетните училишни тестови.

Во меѓувреме, за децата што не учеле математика од рана возраст се претпоставува дека едноставно немаат логика за математика, па губат доверба и паѓаат по првата пречка.

Верувањето дека сте лоши по математика може да стане пророштво што самите го исполнувате. Но, истражувањето ја поддржува идејата дека напорната работа, а не природната способност, е многу поважна.

Истражување што ги мерело постигнувањата во математиката на 3.520 ученици во период од пет години заклучило:

- Растот на математичкото постигнување не е поврзан со тоа колку се паметни учениците, туку колку се мотивирани и како учат.

Така што, вие можеби сте неоткриен математички гениј.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука