X
 17.09.2018 Наука

Како Земјата добила вода?

Земјата е засолниште за водата во нашиот Сончев Систем. Додека само мал дел од водата е за пиење, околу 70 отсто од нашата планета се покриени со океани, езера, реки, мочуришта и други извори на вода. Таа е од суштинско значење за животот каков што го знаеме. Но, застрашувачко е што многу малку знаеме за тоа како водата се појавила на Земјата.

Земјата била родена од облак од прашина и гас пред 4,5 милијарди години, заедно со остатокот од Сончевиот Систем. Некаде во својата рана историја на животот, како што растела, таа добила вода. Големото прашање е како ја добила.

Некои научници сугерираат дека кометите донеле вода на Земјата. Но таа научна теорија е комплицирана. Во 2014 година научниците откриле дека кометата 67P/Чурјумов-Герасименко, проучувана од мисијата „Розета“, имала различен тип на вода од онаа што ја имаме на Земјата.

zemja
Фото: Getty Images Plus


Друга теорија вели дека можеби Земјата се родила „водена“. Земјата постепено ја акумулирала својата маса од подигање камења во близина, па можеби тие камења имале вода во нив. Ако е така, тогаш како од малку вода добивме длабоки океани?

Едно ново истражување дава решение за оваа дилема. Сето тоа има врска со регионот каде што Земјата прво била формирана. За среќа, нашата планета е во зона каде што водата не само што е возможна, туку е и честа. Сончевата светлина е доволно топла за водата да не замрзне, без да биде премногу жешка за да испари. Новиот модел вели дека нашата планета била формирана од зрна прашина што содржеле вода.

Со текот на времето зрната се лепеле едно со друго под влијание на гравитацијата. Зрната станувале камчиња, камчињата станувале камења, а камењата станувале светови малку помали од планетата. На крајот, планетата Земја се родила нив.

- Новите пресметки покажуваат дека малите зрна можат да соберат доволно вода во милион години, со што се објаснува количеството на вода на Земјата - вели холандската истражувачка школа за астрономија во Амстердам.

Исто така, постои Енцелад, месечината на Сатурн што поттикнува вода и молекули „пријателски настроени“ кон водата, месечината на Јупитер, Европа, има океан и многу други ледени и водени светови само во нашиот Сончев Систем. Зошто се прашуваме каде е животот во универзумот кога немаме завршено со истражувањето на можноста за живот во нашиот сопствен Сончев Систем?
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука