X
 06.08.2016 Култура

Совети како да живеете според генијалниот пронаоѓач Никола Тесла

Пронаоѓачот Никола Тесла претставува еден од најкреативните и најплодни умови на човештвото. Тој продолжил да работи на генијални проекти и подоцна во неговиот живот, останувајќи енергичен и фокусиран.  


Како Тесла успеал да остане фокусиран и со остар ум? Во интервју од 1933 година, 77 годишниот Тесла раскажува за тоа што го мотивира да продолжи да живее.

Тој верувал дека е важно да се има добар почеток на животот, човек да развие лични здрави навики.

„Нашата состојба на духот и телото во староста е само потврда за тоа како сме ја поминале нашата младост. Тајната на мојата сила и виталност денес е тоа што во мојата младост водев доблестен живот“.

Виртуозноста на Тесла произлегува од сознанието дека тој морал да ги контролира неговите „страсти и желби“ ако сакал неговите соништа да станат вистина и продолжил да работи додека не починал.

Со тоа на ум, уште на млада возраст тој започнал да живее дисциплиниран и планиран живот.

„Не сакам одмор - не сакам да го прекинувам мојот труд. Ако луѓето изберат работа компатибилна со нивниот темперамент, среќата би била поголема во светот“, вели Тесла.

Кој бил планот на Тесла за подолг живот?

„Многу луѓе се тажни и депресивни од краткотрајноста на животот. „Која е целта човек да се обиде да постигне нешто? Животот е толку краток. Можеби никогаш нема да успееме да го видиме крајот на некоја задача“ - велат луѓето. Но, луѓето можат да го продолжат својот живот значително ако направат напор. Човечките суштества прават толку многу работи со кои си го отвораат патот до гробот“.

Навистина, постојат многу начини на кои можеме да бидеме непродуктивни. Еден од тие начини е лошата исхрана. Еве што Тесла има да каже за навиките во исхраната:

„Најпрво, јадеме премногу, но ова го знаеме. И јадеме погрешни видови храна и пијалак. Поголемиот лош дел од исхраната е тоа што се прејадуваме и не вежбаме, со што создаваме токсични услови во телото и е невозможно за нас да се ослободиме од акумулираните отрови“.

Според Тесла, кои се најважните состојки во исхраната?

„Зошто да го оптоваруваме телото кое ни служи? Јас јадам два оброци дневно и избегнувам лоша храна. Речиси сите луѓе јадат премногу грашок и грав и други јадења кои содржат урична киселина и други отрови. Јас јадам свеж зеленчук, риба и месо. Рибата е позната како одлична храна за мозокот, но има многу силни киселини, бидејќи содржи голема доза на фосфор“.

Тој во неколку интервјуа потврди дека ретко јаде месо, а ова го кажува и интервјуто од 1935 година.

„Избегнувам стимуланси и се воздржувам од месо. Убеден сум дека за еден век кафето, чајот и тутунот повеќе нема да бидат во мода. Алкохолот од друга страна се'уште ќе се користи. Тоа не е стимуланс, туку вистински еликсир на животот“.

Друго нешто што Тесла навистина го сакал биле компирите:

„Компирите се прекрасни и треба да се јадат барем еднаш дневно. Тие содржат вредни минерални соли и делуваат неутрализирачки“.

Тој исто така цврсто верувал во придобивките од вежбањето:

„Верувам во вежбањето. Пешачам осум до десет милји дневно и никогаш не се возам со такси или други превозни средства кога можам да ја користам моќта на ногата. Исто така вежбам во бањата. Имам топла бања проследена со студен туш“.

Строгиот дневен режим на Тесла кулминира со спиење спротивно на популарните тврдења на научната заедница за важноста на осумте часа сон секоја вечер.

„Спиењето? Јас едвај спијам. Потекнувам од долговечно семејство кое е познато по тоа што не спиело. Очекувам и мојот животен век да достигне до 100 години, како на моите предци. Не ме загрижува мојата несоница. Понекогаш преспивам еден час или нешто подолго. Понекогаш, еднаш на неколку месеци, спијам четири или пет часа. Потоа се будам полн со енергија, како батеријата. Не постои сомнеж дека спиењето ја полни енергијата, но од друга страна мислам дека не е од суштинско значење за благосостојбата на една личност, особено не ако тој човек нема навика да спие“.

Како Тесла се чувствувал на 77 години? Еве што тој вели за неговото здравје во овие години:

„Никогаш не сум се чувствувал подобро во животот. Енергичен сум, силен, и ги поседувам сите мои ментални капацитети. Во младоста не чувствував дека имам толку енергија како денес. Спротивно на општото мислење, работата е полесна за постарите луѓе ако се во добра здравствена состојба, затоа што низ годините тие научиле како да пристигнат до одредено место преку најкраткиот пат“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура