X
 19.08.2017 Живот

Каков ќе ни биде животот во 2050 година?

zivot
Фото: Getty Images

Кога размислуваме за иднината, се замислуваме во автомобили што летаат и замислуваме роботи што ја работат нашата работа.

Најновиот извештај за одржливост на ИКЕА, „People and Planet Positive 2017“, ги истакна некои од предизвиците со кои се соочуваат не само бизнисите туку и сите нас во наредните години.

Извештајот истакнува:

- До крајот на векот, светот ќе биде потопол за четири степени Целзиусови.

- Во 1900 година, имало само 12 градови со население што достигнувало 1 милион. Денес постојат повеќе од 400 градови, додека населението расте со огромна брзина - секоја недела се зголемува за 1 милион луѓе.

- Во моментов ги користиме ресурсите со брзина што бара 1,5 планети.

- До 2030 година речиси половина од светската популација ќе живее на места со ограничена вода.

- За борба против овие драматични промени во текот на следните неколку децении, стотици милиони домови ќе произведуваат сопствена електрична енергија.

- Обединетите Нации проценуваат дека глобалното население ќе достигне 9,8 милијарди жители до 2050 година. До почетокот на 1800-те години, светската популација достигнала 1 милијарда. Сега додаваме 1 милијарда на секои 12-15 години.

- За да се нахранат сите, потребни се 70% повеќе храна до 2050 година.

- Сите големи мајмуни, вклучувајќи ги и шимпанзата, горилата и орангутаните се изложени на ризик од истребување.

zagaduvanje
Фото: Getty Images

- Ќе се соочиме со повеќе доцнење во транспортот и поголемо загадување на воздухот проследено со повеќе емисии, а јавниот транспорт ќе биде пренатрупан.

- Бројот на еколошки бегалци може да достигне до 200 милиони до 2050 година, поради сушите и поплавите поврзани со климатските промени.

Целосниот извештај можете да го прочитате ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот