X
 24.04.2020 Технологија

Специјален ефект на „Инстаграм“ од „Нешнл џиографик“ го покажува светот во 2070

„Нешнл џиографик“ ја претстави првата насловна страница направена со помош на технологија за виртуелна реалност. Насловната беше објавена на „Инстаграм“, а таа „оживува“ и покажува податоци за иднината.

Корисниците може да видат податоци поврзани со климата за 12 града низ светот и да видат како тие би можеле да изгледаат по 50 години.


Фото: nationalgeographic.com

Насловната била направена со помош на алатката „Спарк АР“, која може да ја користи секој што има „Инстаграм“. 


Насловот е „Како би изгледал светот во 2070“, а од страницата излегува целата планета. Глобусот е 3Д-модел, па корисниците може да го гледаат од сите страни додека ротира. Искуството е најдобро доколку самите корисници физички се движат околу планетата. На планетата потоа може да се одбираат градови, а се претставени и процени за состојбата на градовите во иднина.


Насловната може да ја отворите овде доколку читате од мобилен телефон. 

Доколку го читате ова на друг уред, насловната може да ја најдете на „Инстаграм“ помеѓу специјалните ефекти барајќи „The world in 2070“.


Извор: nationalgeographic.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија