X
 03.09.2017 Образование

Еве во какви услови живеат нашите ученици сместени во ученичките домови

Во влага, мувла, покрај откорнати подови и скршени тоалети... Вака живееле многу ученици сместени во ученичките домови низ земјава. Министерството за образование и наука објави фотографии на кои се гледа ужасот во кој живеат учениците. Министерката Рената Десковска побарала од директорите на училиштата и на ученичките домови да пријават потреба од капитални инвестиции и да го документираат тоа со фотографии од состојбите во училиштата и ученичките домови.




- Она што го видов е загрижувачко. Врз основа на овие информации кои ги добивме, ќе направиме и директен увид заради утврдување приоритетите за помош на општините кои не успеале да ги решат овие проблеми на училиштата. Според приоритетите, на прво место ќе биде обезбедување на елементарни услови за работа, односно оспособување на објектите од надворешни влијаниеја со реконструкција на крововите, фасадите и замена на прозорци. Потоа ќе се помогне на општините каде има потреба од подобрување на внатрешните услови на објектите како подови, санитарни јазли, загревање и сл. И третиот дел ќе биде помош во замена на инвентар во училиштата – изјави таа.

Линк до галеријата

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование