X
 04.09.2017 Живот

Работи што љубителите на книгата ги прават подобро од другите

книга

На некој начин љубителите на книгата се слични со обичните луѓе. Прават исти работи - пешачат, зборуваат, јадат. Но доколку поминете доволно долго време со љубител на книга, ќе забележите неколку клучни разлики.

1. Ја забележуваат секоја разлика помеѓу книгата и филмот

Дури и ако им се допадне филмската адаптација, повеќето љубители на книгата си фаќаат ментални белешки на секоја сцена, лик и дијалог што е различен од книгата. Истото важи и за ТВ-сериите, особено „Игра на троновите“.

2

2. Знаат да се задлабочат и да читаат цела ноќ

Ако книгата е доволно добра, тогаш тие имаат неверојатна способност да читаат без престан и без храна, спиење и социјална интеракција.

3. Се концентрираат и читаат во воз/автобус/авион

Што ако пропуштат некоја станица? Љубителите на книга се одлични во „исклучување“ од реалниот свет. Повеќе сакаат да читаат во мир и тишина, меѓутоа, не им смета тоа да го прават каде било, дури и ако има прилично гласна атмосфера.

4. Ги чуваат книгите „како очите

Додека некои луѓе сметаат дека книгата не е ништо друго освен хартија, љубителите ја сметаат книгата како член на семејството. Тие ги чуваат и оние книги што се целосно искинати, па така селотејпот е нивниот најверен другар.

5. Мечтаат

Кога љубителите на книгата не читаат, тие мечтаат и имаат прилично добра имагинација. Тешко е човек да чита ако нема добра имагинација.

6. Читаат неколку книги во исто време

Некои љубители се одлучуваат и читаат само една книга, меѓутоа, поголемиот дел од нив имаат развиено талент за „скокање“ од една приказна на друга и тоа го прават без никаков проблем.

7. Ја применуваат литературата во вистинскиот живот

Понекогаш е фрустрирачки да се биде љубител на пишаниот збор. Она што постојано сакаат да го прават е да објаснуваат како Шекспир или Џорџ Р.Р.Мартин совршено ги преточил сите ваши чувства за одреден политички проблем, иако многу луѓе ова не го сфаќаат. Способноста да забележат како литературата се одразува во вистинскиот живот и обратно е всушност доста добра вештина.

8. Пронаоѓаат совршено место за читање

3

Љубителите на книгата имаат шесто сетило за пронаоѓање удобни места за читање. Каде и да одат, тие се обидуваат да го пронајдат ова совршено место.

9. Читаат и одат


Читањето и одењето е активност што треба да ја применуваат само ветераните во читањето. За нив, ова е природно исто како и одењето и зборувањето.

10. Пишување

Не секој љубител на книгата мора да е автор, меѓутоа, за повеќето читатели може да се каже дека се добри во пишување: без разлика дали станува збор за пишување приказна, блог, порака, песна и слично.

11. Се заљубуваат во ликовите од книгата

Можеби не станува збор за талент, но љубителите на книгата ова го прават на едно сосема различно ниво. Затресканоста во литературните ликови е токсична бидејќи читателот има целосна контрола врз замислата за тоа како би изгледала врската со личноста.

12. Буџет за максимално купување книги

4

Секако, одат во библиотека и позајмуваат книги. Позајмуваат книги и од пријателите. Меѓутоа, кога станува збор за нова книга, тогаш љубителите на книгата стануваат експерти за буџет. Со задоволство ќе жртвуваат јадење, излегување и веројатно и електрична енергија за да ја купат книгата што ја сакаат.

13. Пронаоѓаат креативно решение за складирање на книгите


Бидејќи полиците за книги се полнат за брзо време, мора да се биде креативен. Тука доаѓа до израз нивната креативност и имагинација.

14. Читање

Некои љубители на книгата едноставно не сфаќаат колку се добри во читање. Читањето е вештина. Разбирањето што читате е уметност. Не секој е добар во „преведувањето“ на она што е напишано во возбудливи авантури и прекрасни романси. Книгата е добра само доколку е добра имагинацијата на читателот, а љубителот на пишаниот збор е најдобар кога треба да замислува и да ја искористи имагинацијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот