X
 27.11.2018 Култура

Книги што треба да ги прочитате во текот на вашиот живот

Запознаени сме со фактот дека читањето создава чувство на задоволство, надополнување на мислите и помага при критичкото размислување со поефикасни резултати. Ги подобрува комуникациските вештини, рационалното размислување и вербалното делување. Со тоа, делува на остроумност на мислите. Освен тоа, читањето претставува некој вид на хоби, што можете да го практикувате во слободното време, а истовремено го тренирате умот.

Читањето го опушта вашиот дух и ги зајакнува мислите. Секојдневното читање ќе ви ги пробуди мислите и ќе ја подобри вашата имагинација. Дали некоја од вашите омилени книги се наоѓа на оваа листа?

„Процес“

Најпознатиот роман на германскиот писател Френц Кафка. Главниот лик од овој роман е уапсен и обвинет од страна на недостапен орган на власта. Дејствието во романот не е точно прецизирано, па така читателот има можност да ја развие имагинацијата и способноста за погодување. Токму поради недостатокот на суштинска содржина во текот на читањето, чувството на заинтересираност станува уште поизразено. Книгата содржи важни елементи во процесот на формирање на личноста.

„Алхемичарот“


Една од најпознатите книги на бразилскиот писател Пауло Коелјо. Дело што се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди, со оглед на тоа што е преведено на најмногу јазици. Главниот лик на романот е Сантијаго, момче кое го следи својот сон во потрага по скриеното богатство што се наоѓа во Египет. Во текот на патувањето ја открива идејата дека богатството се наоѓа во нас самите. Среќата ја прават малите нешта и таа доаѓа одвнатре. Во текот на читањето, оваа книга создава мисловни димензии. Го започнува процесот на формирање на реална слика за животот, луѓето и на крај нас самите.

„Малиот принц“


Книга на францускиот писател Антоан де Сент Егзипери. Главниот лик во романот е малиот принц, а врз основа на имагинарни случувања во романот, на сликовит начин е прикажана нашта реалност. Иако сè е напишано во имагинативна смисла, целта е вистинита и достапна за секој што сака да ја види. Еден од најпознатите цитати на оваа книга е: „Човекот е осамен и кога се наоѓа меѓу луѓето“. Следејќи ја анализата на оваа реченица, се констатира дека луѓето се склони кон зачестените проблеми на деешницата, а тие проблеми се од современа природа: недостаток на љубов, тешко пронаоѓање на љубов, отуѓување од луѓето и осаменоста.

„Ана Каренина“


Најпознатиот љубовен роман на рускиот писател Толстој. Романот ги опишува љубовните проблеми на младата Ана Каренина, која е и главниот лик на романот. Нејзиното постоење завршува со трагичниот чин на самоубиство. Романот се занимава со темата на семејните/брачните односи и проблемите со високо изразени елементи на зралеост за сфаќањето на семејниот и љубовниот живот воопшто.

„Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден“


Најпознатиот роман од француската писателка Рафаела Џордано во кој главниот лик е Камил, жена која е заробена во секојдневната меланхолија. Нејзината борба е насочена кон пронаоѓање на смислата на животот и надградување на крајниот духовен мир што зависи од остатокот од животот. Кога човек еднаш ќе го пронајде внатрешниот мир, за него ќе се бори храбро и непречено до крајот на животот, без оглед на пречките.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура