X
 05.09.2017 Живот

Интернетот е опседнат со презентерка на вести од Северна Кореја

Кога и да се објават важни вести од страна на Северна Кореја, светот гледа познато лице - ветеранот презентер на вести Ри Чун-Хи работи за Корејската централна телевизија.

фото извор: Getty images

Позната е како „розовата госпоѓа“ поради розовиот фустан што секогаш го носи за вакви пригоди. Има 74 години и е пензионирана, но некогаш се враќа на работното место за да прочита важни наслови во име на владата. Нејзиното последно појавување се однесуваше за успешниот тест на термонуклеарна бомба на Северна Кореја.

Тестот предизвика тензии и грижа во врска со намерите на земјата, но корисниците на интернет пронајдоа утеха во Ри. Луѓето се фасцинирани од нејзиниот идентитет, нејзината работа и важната улога во Северна Кореја.

Нејзината улога е толку важна, што може да предизвика маса луѓе да застанат во Пјонгјанг и да аплаудираат. За Ри е познато дека некогаш работела и како актерка.

Првпат се појавила на ТВ во 1971 година и според видеото, може да се каже дека воопшто не е остарена.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот