X
 03.11.2025 Технологија

Ниската цена повеќе не значи лоши спецификации: евтините андроид-телефони се целосно променети

Во минатото поевтините андроид-телефони автоматски се поврзуваа со „слаби спецификации“, „бавно работење“ и „лошо корисничко искуство“, што натера многу луѓе да претпочитаат да издвојуваат повеќе пари за да избегнат разочарување.

Сепак, во последниве години пазарот на буџетски телефони тивко, но темелно се промени, а денешните модели нудат значително подобра хардверска и софтверска поддршка, што ги прави исклучително привлечен избор за огромен број просечни корисници со големи барања.

Андроид-телефоните доживеаја голема промена

Експертите објаснуваат дека претходните проблеми на поевтините андроид-уреди, како по правило, значеа премногу слаб процесор, недоволна работна меморија и несоодветно оптимизирани системи, што честопати доведуваше до бавно работење и тешкотии при користење дури и на основните функции. Покрај тоа, лошиот квалитет на екранот, скромната батерија и речиси непостојните надградби на софтверот дополнително го нарушија искуството.

Денес, ситуацијата драстично се промени. На пример, новиот „самсунг галакси“ A17 има 6,7-инчен ФХД+ екран со брзина на освежување од 90 херци, осумјадрен процесор Ексинос 1330, најмалку 6 гигабајти РАМ меморија и батерија со капацитет од 5.000 милиампери на час. Перформансите се стабилно брзи без осцилации и повремени забавувања, автономијата е одлична, а со шест години системски ажурирања, овој модел нуди издржливост претходно резервирана за многу поскапи уреди.


Податоците за пазарот покажуваат дека клиентите сè повеќе ја прифаќаат оваа нова генерација на андроид-телефони. Листата со најпродавани модели за септември 2025 година вклучува неколку прифатливи уреди, како на пример ОППО A5 Про и самсунг A17.

Денес повеќе не можеме да зборуваме за „телефони за преживување“ бидејќи евтините и прифатливи андроид-модели станаа сигурни, издржливи и исплатливи. За корисниците што не ги бркаат најдобрите перформанси, туку бараат стабилен и практичен уред, овие телефони претставуваат многу паметен избор.

Извор: benchmark.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија