X
 21.09.2017 Економија

Пензискиот фонд на Норвешка сега вреди 1 билион долари

Пензискиот фонд на Норвешка тежи над 1 билион долари. Тоа е бројка со 12 нули. Менаџерите на фондот истакнале дека промените во валутата помогнале за зголемување на вредноста до таа мера, првпат досега.


Колку за споредба – 1 билион долари е грубата бројка на големината на економијата во Мексико.

Норвешка е голем производител на нафта, па заработката од енергијата ја пренасочува во фондот за да се обезбедат пензии и други владини трошоци. Фондот е еден од најголемите светски инвеститори во акции, во чија сопственост има 667 милијарди долари вредност на акции во над 9.000 компании на светско ниво. Поседува во просек 1,3 % од светските компании. Најголеми стопанства има во „Епл“, „Нестле“, „Ројал дач шел“, „Новартис“, „Мајкрософт“ и „Алфабет“, сопственикот на „Гугл“.

Фондот, исто така, има големо портфолио на недвижности, како на пример на Тајмс сквер во Њујорк, Риџент стрит во Лондон и Шанзелизе во Париз.

Фондот има генерирано годишни враќања од 5,9 % од јануари 1998 година, што се намалува на 4% кога трошоците во менаџментот и инфлацијата ќе се вклучат. Во 2016 година има враќање од 6,9 %, или 67 милијарди долари.

Годинава фондот заработи 63 милијарди долари само во првите две четвртини од 2017. Според бројките, од фондот за секој од 5,2 милиони жители на Норвешка следуваат по 190.000 долари.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија