X
 07.02.2019 Живот

И кралот се возел со јавен превоз - чудни и интересни факти за животот во Норвешка

Веројатно сте слушнале многу работи за Норвешка и за нејзините 5 милиони жители, но учењето нови работи никогаш не е доста. Ова се некои интересни факти за Норвешка што веројатно не сте ги знаеле.

- Членовите на кралските семејства се обврзани да стапат во брак со луѓе од кралско потекло. Сепак, кралот Харалд се заколнал дека никогаш нема да се ожени ако не му е дозволено да се ожени со љубовта на неговиот живот, ќерката на трговец со крпи, Соња Харалдсен. Тие успеале да стапат во брак со помош на владата на Норвешка, така што таа стана кралица на Норвешка.

kral

- Најскапата нафта се наоѓа во Норвешка. Норвежаните плаќаат 7,82 долари за галон нафта. За споредба, Американците плаќаат околу 2,99 долари. Норвешка има значителни резерви на нафта, но наместо да го субвенционира горивото за возила, земјата ги користи парите на друго место. На пример, финансирање бесплатен универзитет за своите жители.

- За време на кризата со нафта во 1973 година, кралот Олав немал проблем да се вози во јавен превоз до ски-одморалиштето во викендите кога било забрането да се возат автомобили. Тој дури и си платил билет. Во тоа време биле воведени викенди без автомобили од норвешката влада во напор да се натераат луѓето да заштедат гориво.

prevoz

- Од 1947 година главниот град на Норвешка, Осло, им донира елка на луѓето од Британија во знак на благодарност за британската поддршка кон Норвешка за време на Втората светска војна.

- Норвежаните се меѓу најсреќните нации во светот. Во 2017 година Норвешка се најде на првото место на Извештајот за светска среќа и на второ место во 2018 година.

- Во Норвешка можете да добиете построга казна за брзо возење отколку ако бидете фатени со дрога. Норвешка веројатно е единствена европска земја каде што може да одите во затвор поради брзо возење. Ако возите 150 километри на час на автопат и ве фати полиција, тогаш ќе одите во затвор 18 дена.

- Норвежаните често ги оставаат своите бебиња да спијат надвор, дури и ако температурите изнесуваат -5 Целзиусови степени. Родителите често ги оставаат своите бебиња да спијат во колички надвор, додека тие пијат кафе бидејќи веруваат дека е многу поздраво за нив да спијат на свеж воздух.

kolicki

- Забрането е да се умре во малото гратче Лонгиербиен. Градот нема погребано луѓе цели 80 години, бидејќи телата не можат да се распаднат поради вечниот мраз. Терминално болните луѓе се носат надвор од градот за да умрат на друго место.

- Норвешка е една од земјите што најмногу консумираат кафе. На годишно ниво Норвежаните консумираат 9,9 килограми кафе по личност.

- Во 1971 година Норвешка ја укина доживотната затворска казна. Сега најдолгата затворска казна е 21 година.

- На пингвинот Нилс Олав, кој живее во Зоолошката градина во Единбург, му е доделена титулата главен полковник на норвешката кралска гарда лично од кралот на Норвешка.

pingvin

- ИКЕА ги именува своите кревети, гардероби и мебел со имиња од места во Норвешка.

- Неофицијалното национално јадење во Норвешка е замрзната пица „Грансиоса“. Норвежаните се големи обожаватели на замрзната пица.

- Секој Норвежанец што поседува телевизор мора да плаќа ТВ-лиценца од 318 долари секоја година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот