X
 27.09.2017 Образование

Отворен повикот за Чивнинг стипендии на британската Влада

Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои покажуваат лидерски потенцијал и имаат одлична академска основа. Стипендијата дава финансиска поддршка за школување на магистерски студии на кој било британски универзитети и овозможува да станете дел од влијателна глобална мрежа на над 46.000 стипендисти.



За учебната 2018/2019 година,  на глобално ниво ќе се доделат околу 1500 Чивнинг стипендии. Овие стипендии се значајна инвестиција на Владата на Обединетото Кралство во развојот на идните генерации на глобални лидери.

Информација за стипендијата:
Чивнинг стипендиите се дел од глобалната програма на британската Влада за стипендирање, финансирана од Министерството за надворешни работи и Комонвелт и партнерски организации. Стипендиите поддржуваат студирање на кој било британски универзитет – најчесто за едногодишни магистерски студии – за лица кои покажуваат потенцијал да станат идни лидери, носители на одлуки, и креатори на мислење. Со оваа стипендија се покриваат трошоците за уписнина, месечни трошоци за живот, авионски билет и трошоци за британска виза.

Рок за поднесување на пријави:
7 ноември 2017 година. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply .

Пред да се пријават за стипендијата, кандидатите треба да го прочитаат водичот за критериуми на веб страната, а со пријавата треба да докажат дека ги исполнуваат бараните критериуми.


За детални информации и критериумите за аплицирање посетете ја веб страна на Чивнинг на:  www.chevening.org

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование