X
 13.10.2017 Наука

Вирус може да зарази друг вирус - откритие на научниците

Вирусите се однесуваат чудно – се движат наоколу, се размножуваат и се однесуваат како паразити кај секое несреќно животно што ќе наиде на нив. Сепак, тие се зависни од своите „домаќини“, па некои биолози мислат дека не треба да се сметаат за живи организми, туку повеќе како делови од генско кодирање кое може да се испречи на патот на нормалната функција на телото. Но, откритието дека вирус може да зарази друг вирус ги замисли научниците во врска со ова тврдење.


Вирусите што биле набљудувани кога носат сопствена инфекција не биле всушност закана за луѓето. „Мими вирусите“ се титани во виралниот свет, што изгледа малку чудно бидејќи нивните цели се амебите. Па нивното име се однесува на нивната големина. Токму поради големината, тие се примарна цел на овие вируси-на-вируси, кои истражувачите ги нарекле „Спутник“.

Прашањето дали вирусите се живи или не нè враќа дури во времето кога сме дознале за нив. Во 1935 година Вендел М. Стенли можел да покаже дека вирусите не се ништо друго освен пакети од биохемикалии на кои им недостигаат дури и основните метаболички функции. Тој добил Нобелова награда за хемија за неговото откритие.

Според епидемиологот Жан Мижел Клавери, кој помогнал во откривањето на „Спутник“, постоењето на вирусите што добиваат вируси докажува дека тие се живи. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука