X
 04.05.2025 Наука

Создадени плочки од печурки за ладење на зградите

Климатските промени се најголемиот еколошки предизвик на нашето време, а енергијата што се користи за загревање или ладење на зградите значително придонесува за тоа.

Истражувачите од технолошкиот универзитет „Нанјанг“ во Сингапур се инспирирале од слоновите, кои се ладат благодарение на брчките на нивната кожа кои го ограничуваат пробивот на топлината и складираат вода.

За да го имитираат ова ладење, тие дизајнирале плочки со површинска текстура инспирирана од кожата на слон, која била произведена со помош на мицелиум, биоразградлив материјал од габата „Pleurotus ostreatus“. Овие плочки се композити поврзани со мицелиум каде што габата расте на бамбусови микровлакна, развивајќи меѓусебно поврзана мрежа што ги поврзува микровлакната.

Текстурата значително го подобрува термичкиот одговор на мицелиумските плочки, во споредба со рамната површина. Таквата површина произведува анизотропна плочка, каде што термичките својства на плочките за греење и ладење биле измерени од двете страни. Резултатите покажале подобрување од 25 отсто во стапката на ладење и намалување од 2 отсто во стапката на загревање. При услови со симулација на дожд со плочките со текстура, ладењето било дополнително подобрено за 70 отсто во споредба со сувите услови.

Затоа, мицелиумските плочки ветуваат термичка регулација на зградите во топла клима.

За да ги развијат плочките, научниците соработувале со биотехнолошката компанија „биоСЕА“, за да ги интегрираат принципите на природниот дизајн што можат да ги оптимизираат нивните перформанси како изолатори за згради.

Извор: vidi.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука