X
 24.10.2017 Наука

„Мандела ефект“ - колективно лажно сеќавање

Во раните 80-ти години на 20 век медиумите објавуваа дека Нелсон Мандела починал во затвор. Проблемот со тоа сеќавање е што никогаш не се случило, бидејќи Мандела почина во 2013 година. Феноменот на живописна, колективна лажна меморија се нарекува „Мандела ефект“.


Многумина веруваат дека овој ефект е исто така поврзан со колективното погрешно сеќавање на ликовите од детската книга „Мечките Бернштајн“ („Berenstain Bears“). Цела една генерација ги памети како такви, но без буквата „А“ во нивното име („Berenstein Bears“). Причината за овој ефект е непозната, но еден од факторите може да биде што луѓето ги сметаат своите сеќавања дека се посигурни отколку што тие навистина се.

Сметајте дека секојпат кога се сеќавате на нешто, вие повторно го испишувате тоа сеќавање. Со текот на времето, едно сеќавање се испишува повторно многу, многу пати. Сепак, теоретичарите на заговор имаат друго, паранормално објаснување за ова. Според нив, луѓето преземаат сеќавања од други алтернативни универзуми.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука