X
 30.10.2017 Технологија

„ВацАп“ воведе одлична функција што корисниците долго време ја чекаа

vacap
Фото: The Verge

„ВацАп“ ја додаде можноста за бришење и повлекување на пораките откако ќе ги испратите, после тест периодот на оваа функција во поголемиот дел од 2017 година. Сега ќе можете да ги избришите пораките до седум минути откако ќе ги испратите, и тие ќе исчезнат од разговорите. За да можете да ја користат функцијата, потребно е и испраќачот и примачот на пораката да ја имаат најновата верзија на „ВацАп“, за истата да работи. Функцијата постепено ќе се појавува на корисниците во текот на оваа недела.

За да избришете пораки ќе добиете нова опција откако ќе изберете „delete“, со што ќе можете да избришете за сите („delete for everyone“) наместо само да ја избришете порака од вашиот уред. Иако функцијата постепено се појавува кај корисниците, „ВацАп“ предупредува дека „примачите може да ја видат вашата порака пред таа да биде избришана или ако бришењето не било успешно“, така што функцијата не е гаранција.

Во секој случај, ова е одличен додаток за сите оние погрешно испратени пораки.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија