X
 01.01.2024 Технологија

Зголемен бројот на повреди поврзани со употребата на технологијата, а ова се најчестите

Луѓето денес станаа толку зависни од паметните телефони, што дури и кога се шетаат по улица или по ходниците од својот дом не го тргаат погледот од екранот. Покрај 'рбетот и очите, постојат и други опасности од овој начин на користење на телефонот - од можност за удирање во предмети до сопнување и паѓање, а не е ни потребно да се потенцираат опасностите што им се закануваат на оние што не гледаат кога преминуваат улица без да го тргнат погледот од екранот.

Бројот на вакви повреди поврзани со паметните телефони постојано се зголемува, а тоа го покажуваат резултатите од истражувањето на американскиот НЕИС - систем кој собира податоци за повреди поврзани со електронските уреди. Според податоците од последната деценија, бројот на таквите повреди се зголемил за дури 20 отсто од 2020 година, а особено е зголемен бројот на повреди поврзани со употребата на паметни телефони. Најчесто повредени се милениумците. Овој тип повреди поврзани со телефон, барем во САД, претставува речиси четвртина од сите повреди од електронски уреди.

Повредите предизвикани од користењето на телефонот се различни: од сопнување од кабли до судирање со работи додека се пишуваат пораки. Модринките, па дури и исечениците на лицето и на главата не се ретки, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено врз основа на споменатите податоци. Најчестата повреда предизвикана од употребата на технологијата е судир со предмети.

Интересно е што најчестиот тип повреди се поврзани со телевизорите, односно околу 30 отсто. Кога станува збор за телевизорите, најчесто се повредува грбот при нивното кревање - што не е чудно со оглед на тоа што екраните стануваат сѐ поголеми. Проблеми предизвикуваат и компјутерите и играњето видеоигри, па поради лошото држење на телото, се јавуваат болки во горниот дел, пред сѐ, во градите, грбот и ребрата.

Оставете ги телефонот, компјутерот и видеоигрите, излезете надвор да шетате, да спортувате и слично бидејќи тоа е добро за вашето физичко и психичко здравје.

Извор: Nypost.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија