X
 31.10.2017 Наука

Митови во кои порано верувале луѓето

Може да се каже дека луѓето сега имаат најмногу информации, споредено со минатото. Во минатото верувале во секакви работи, кои сега дури изгледаат и смешно. Ова се неколку од нив:


1. Земјата е центарот на универзумот

Верување кое престанало во 1543 година. Античките умови ја преценувале Земјата, па во 1543 година Никола Коперник им разјаснил на сите дека сè во универзумот не се врти околу нашата планета. Тој го споменал хелиоцентричниот модел на универзумот кој е сличен на она во што веруваме и го знаеме денес.

2. Миењето на рацете не е превенција од зарази

Во 1850 година акушерот Игназ Семелвајз ја поставил идејата дека миењето на рацете помеѓу работењето со мртовци и породувањето на бебиња може да го намали бројот на починати родилки. Кога тој ги натерал медицинските работници да ги исчистат инструментите и рацете со хлор по работењето со починати лица, бројката на мртви новороденчиња и мајки драматично се намалила. Со текот на времето ова преминало во рутина, а, за среќа, денес се знае дека хигиената е еден од најважните начини за превенција од зарази и инфекции.

3. Различни делови од јазикот забележуваат различни вкусови

Идејата дека врвот на јазикот ги забележува киселите вкусови, а средината на јазикот ја процесира сладоста е мит. Целиот јазик има осет за слатко, кисело, солено и горчливо речиси еднакво. Точно е дека има мала разлика во концентрациите на одредени рецептори на вкус во различни делови на јазикот, но тие се сосема занемарливи.

4. Лошите мириси може да нè разболат

Порано се сметало дека заразите се предизвикани од лошиот воздух, односно смрдеата. Во 1854 година епидемиолозите забележале смртоносно ширење на колера поради контаминација на водата. Откриле дека нема органска материја во водата што несомнено ја предизвикува колерата, па докажале дека колерата е болест во самата вода.

5. Континентите се неподвижни

Во 1912 година германскиот метеоролог Алфред Вегенер предложил теорија за континентално лебдење. Неговата идеја подразбирала дека континентите некогаш биле еден суперконтинент, а потоа се одвоиле. Сепак, неговата идеја била осудена од многумина. Геолог од Универзитетот во Чикаго рекол дека работата на Вегенер ги игнорира „чудните, грди факти“ и „игра игра во која има неколку рестриктивни правила“.

6. Бебињата не чувствуваат болка

Во 80-тите години се верувало дека мозоците на бебињата не се доволно развиени за да чувствуваат болка, па многу од медицинските процедури во тоа време се спроведувале без анестезија. Во 1987 година Американската академија за педијатрија истакнала дека не е етички да се реализираат операции врз бебиња без анестезија.

7. Универзумот е статичен

До 1931 година Ајнштајн сметал дека универзумот е конечен, статичен во време и поседува униформирана дистрибуција на материја. Во 1927 година белгиски астрофизичар- свештеник заклучил дека универзумот се шири преку комбинирање на генерална релативност со астрономски набљудувања. Потребни биле неколку години за Ајнштајн да ѝ се приближи на оваа идеја.

8. Големината и обликот на главата го одредуваат однесувањето

Франц Јозеф Хал во 18 век развил идеја со која се тврди дека има поврзаност помеѓу анатомијата и мозочната функција – различни делови од мозокот раководат со одредени функции, расположенија и однесувања. Сметал дека изучувањето на облиците на черепот може да го открие карактерот на мозокот внатре.

9. Етерот е мистериозна супстанција низ која светлината патува во вселената

Лесен начин за да се објасни мистериозно чудната материја во универзумот е само да се наслика сè како етер. Оваа хипотетичка работа е кажано дека е потребниот медиум низ кој Земјата, другите планети и светлината патуваат низ вселената. Алберт Ајнштајн ја побил оваа теорија во 1905 година со својата Теорија за релативноста. Сега знаеме дека не е потребен медиум за трансмисија за светлината бидејќи светлината во вселената се движи во вакуум.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука