X
 18.03.2016 Живот

Какво време да очекуваме во деновите од викендот што следува?



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла која понекаде видливоста ќе ја намали за помалку од 100 метри. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Во попладневните часови во крајните западни и југозападни предели зголемување на облачноста со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -4 до 4 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 7 односно до 17 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачносте и потопло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 1 степен, а максималната дневна до 15 степени.

Во деновите од викендот во вечерните и во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло со дневни температури кои ќе бидат повисоки од просечните и ќе се движат од 10 до 18 степени. Во понеделник се очекува зголемување на облачноста и пораст на утринските температури, а дневните ќе останат непроменети и ќе се движат од 10 до 18 степени. Во вторник претежно сончево со локална облачност и дополнителен пораст на максималните температури кои ќе се движат во интервал од 13 до 21 степен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот