X
 12.12.2017 Технологија

„Фејсбук“ отстрани добро позната функција

fb
Фото: Pixabay

Без разлика дали сакаме или не, „Фејсбук“ се менува од ден на ден.

Неодамна социјалната мрежа го отстрани „Тикер“, полето од десната страна на вашиот „Њуз фид“ во кое пишуваше што вашите пријатели лајкнуваат, коментираат и така натаму. Отстранувањето на оваа функција пристигна по неколку недели откако корисниците забележале дека повеќе ја нема рамката. Како што стојат работите, минатата недела на официјалниот состанок на техничката поддршка на „Фејсбук“ некој потенцирал дека ја нема оваа рамка, на што претставник на „Фејсбук“ изјавил дека оваа функција повеќе не постои.

Зошто „Фејсбук“ го прави ова?

Во принцип, „Фејсбук“ е познат по тоа што систематски ги елиминира несаканите и непопуларните функции. Ова го прави бидејќи функциите на корисниците едноставно не им се од корист или ако сакаат да истакнат некои што за „Фејсбук“ се доста поважни. „Тикер“ првпат бил претставен во 2011 година заедно со воведувањето на алгоритамскиот „Њуз Фид“. Наместо да ги прикажува најновите објави на вашите пријатели, алгоритмот одбираше работи за кои можеби сте заинтересирани, како и оние што во моментот се доста популарни. Работата на „Тикер“ беше да го подобри тоа искуство овозможувајќи ви краток преглед на најновите објави.

Како и сè друго на интернет, така и „Тикер“ бил злоупотребуван - корисниците го нарекувале „ѕидот за шпионирање“ затоа што на корисникот му давал можност директно да ги набљудува пријателите и нивните активности на „Фејсбук“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија