X
 15.12.2017 Издвојуваме

Избираме најдобар детски цртеж на тема загаден воздух



Факултети.мк објавува конкурс за најдобар цртеж на тема „Загаден воздух“ наменет за деца од најмала возраст до деветто одделение. Во овој период од годината сите сме засегнати од големиот проблем со загадениот воздух, а особено се погодени децата. Наместо слободно да играат и да трчаат надвор, тие мора да седат затворени дома, а наместо шалче, мора да носат заштитни маски. Би сакале да ја видиме нивната креативност кога е во прашање овој голем проблем и како тие го доживуваат.

Дечиња и ученици, земете ги боичките и блокчињата и нацртајте што дишете.

Цртежите испратете ни ги на нашата адреса: „Лондонска“, бр. 19/7, 1000 Скопје, најдоцна до 28 јануари 2018 година.


Најдобрите три цртежи ќе добијат признание.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Издвојуваме