X
 27.10.2025 Технологија

Луѓето разговараат неформално со чет-ботови и со тоа ја збунуваат вештачката интелигенција, покажува истражување

Луѓето често комуницираат понеформално со чет-ботови базирани на вештачка интелигенција, што може да ја намали прецизноста на нивното разбирање.

Ново истражување покажува дека приспособувањето на стилот и дополнителната обука на ВИ-моделите може значително да го подобри нивното разбирање на намерите на корисниците.

Научниците Фулеј Жанг и Жоу Ју анализирале како корисниците комуницираат со човечки агенти во споредба со чет-ботови засновани на големи јазични модели. Користејќи го моделот „Клод 3.5 сонет“, тие ги оценувале пристојноста, течното изразување и разновидноста на вокабуларот. Утврдено е дека корисниците се значително помалку формални и помалку пристојни кога разговараат со чет-ботови. Комуникацијата со човечки агенти била за 14,5 отсто поформална и попристојна, 5,3 отсто потечна и 1,4 отсто поразновидна во речникот.

Корисниците го приспособуваат својот јазичен стил во разговорите со чет-ботовите така што испраќаат пораки кои се пократки, појасни, помалку формални и граматички поедноставни. Ваквото однесување, според авторите на истражувањето, најверојатно произлегува од перцепцијата дека чет-ботовите не се толку социјално чувствителни и се помалку способни да ги толкуваат нијансите во говорот.

Во втората фаза од истражувањето, Жанг и Ју го обучиле моделот „Мистрал 7Б“ на 13.000 човечки разговори, а потоа го тестирале на 1.357 интеракции помеѓу корисници и чет-ботови. Бидејќи „Мистрал“ бил обучен на дијалози меѓу луѓе, често погрешно ги толкувал намерите на корисниците при разговор со ВИ, токму поради наведените разлики во стилот.

Обидите за подобрување на разбирањето преку „Клауд ВИ“, кои вклучувале стилско преработување на пораките во „минимална“ или „збогатена“ форма, всушност ја намалиле прецизноста за 2,6 отсто, односно 1,8 отсто. Комбинирањето на двата пристапи, сепак, ја зголемило прецизноста за 2,9 отсто, што укажува на тоа колку е важно стилот на комуникација да се приспособи на моделот.

Ноа Ѓансиракуса од Универзитетот „Бентли“, кој не учествувал во истражувањето, вели дека поразличниот тон во разговорите со чет-ботови не треба да се гледа како нешто негативно.

- Добро е кога луѓето знаат дека разговараат со ботови и го приспособуваат своето однесување соодветно - вели тој.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија