X
 21.12.2017 Забава

Сега секој ќе може да го блокира Марк Закерберг на „Фејсбук“


Марк Закерберг
(Фото: Wikipedia)


Да се блокира Марк Закерберг на „Фејсбук“ беше „невозможна мисија“ и тоа беше еден од интересните факти за најпопуларната социјална мрежа. Сепак, и на тоа му дојде крајот...

„Фејсбук“, без да објави какво било соопштение или нешто слично, одлучи да го укине таквиот посебен третман на највисоко рангираните личности во хиерархијата на компанијата и да им дозволи на корисниците во светот да можат да ги блокираат и нив, ако сакаат.

„Фејсбук“ тврдеше дека не станува збор за некаква намера, туку дека проблемот лежел во грешка што настанала поради преголемиот број блокади на поедини корисници. Кога еден профил блокира преголем број луѓе, тогаш блокадата престанува да функционира.

Изгледа дека и на тоа му дојде крајот. Минатата недела челникот на компанијата The Next Web, Мат Навара, објавил на „Твитер“ дека успешно го блокирал првиот човек на „Фејсбук“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава