X
 26.12.2017 Образование

„Напредни алгоритми“ - бесплатен курс од „Харвард“

Професорот Џелани Нелсон од „Харвард“ нуди курс наменет за дипломираните студенти и за напредните студенти на додипломски студии – „Напреднати алгоритми“. Курсот се состои од 25 лекции кои може да ги најдете на „Јутјуб“.


Алгоритам е добро дефинирана процедура за извршување на некоја задача за пресметување. Обично задачата е зададена, а работата на оној што ја решава е да се обиде да најде процедура која е ефикасна, во рамките на процесирање на времето и меморијата. Во лекциите на професорот се вклучени и теми како РАМ-модел, структура на податоци, амортизација, онлајн-алгоритми, линеарно програмирање, графички алгоритми, геометрија на пресметување и друго.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование