X
 01.05.2020 Образование

„Фејсбук“ организира виртуелна дипломска церемонија за американските средношколци и студенти

Американските студенти и средношколци што треба да дипломираат оваа година можеби нема да ја имаат церемонијата за доделување дипломи како и претходните генерации, но барем ќе ја добијат Опра.

„Фејсбук“ објави дека ќе пренесува виртуелна церемонија за апсолвентите низ целата земја. Опра Винфри ќе одржи говор за време на виртуелниот настан. На настанот ќе говорат и актерката Џенифер Гарнер и други познати личности, а ќе настапи и Мајли Сајрус.


Фото: Wikipedia

Од „Фејсбук“ велат дека на настанот ќе бидат прочитани средните училишта и факултети во САД, а ќе бидат прикажани и слики и видеа од дипломците, како и пораки од деканите и директорите низ земјата.

Виртуелното дипломирање треба да се одржи на 15 мај.

Извор: theweek.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование