X
 27.12.2017 Технологија

Бавен ви е интернетот? Еве што треба да направите!

1

Денес има интернет на секој агол. Речиси на секое место бараме wi-fi, без разлика дали тоа е кафуле, автобус или на улица. Но често се случува да е бавен интернетот, и тоа е работа што ужасно нервира.

Затоа, ви претставуваме неколку начини како да го подобрите протокот на интернет во вашиот дом. Особено е важна позицијата на која се наоѓа вашиот модем.

1. Поставете го рутерот на отворен простор

Приближно во центарот на вашиот дом. На тој начин ќе се испраќа сигнал со истата сила на сите страни. Бидејќи ако го затворите некаде, вратата ќе го блокира сигналот и на некои места нема да има интернет.

2. Не ставајте го рутерот на подот


Повеќето модеми се дизајнирани да испраќаат сигнали надолу. Така што, доколку не сакате да го „бркате“ интернетот во подрумот, тогаш подигнете го на маса или на стол.

3. Оддалечете го модемот од другите електронски уреди.

Многу уреди, како што се телевизорот и компјутерите, можат да сметаат во испраќањето сигнали и така дополнително да го намалат протокот, и се препорачува да бидат на извесна оддалеченост од модемот.

4. Насочете ги антените на рутерот во спротивни насоки

Повеќето рутери имаат две антени, а идеално е ако едната ја поставите вертикално, а другата хоризонтално.

5. Измерете ја силата на сигналот


Доколку откриете дека протокот е намален, може да одите на интернет и да пронајдете неколку апликации што ги мерат силата и брзината на протокот.

интернет
Фото: Printscreen

Едно мало приспособување би можело да ги реши сите проблеми со интернетот. Ако живеете во густо населен дел од градот, ако сите околу вас користат рутери, вашата интернет-врска би можела да биде бавна или „задушена“ баш поради метежот во wi-fi полето.

Многу wi-fi сигнали оневозможуваат правилно функционирање на интернетот поради пренатрупаност. Решение е да го промените каналот за wi-fi, главно во опсег од 1 до 12. На тој начин ќе го растоварите влијанието на другите wi-fi мрежи и ќе овозможите подобар проток.

За да ги промените и едното и другото, во веб-пребарувачот внесете 192.168.1.1 и побарајте wi-fi приспособувања што ќе бидат прикажани и променетите опции. Тие обично се на врвот на листата на wi-fi приспособувања и се менуваат со кликнување на моментално избраната опција, а потоа, од паѓачкото мени треба да изберете нов параметар на wi-fi врска. За анализа на wi-fi опкружувањето и прегледување на активните канали, може да ја користите бесплатната апликација „Wi-Fi Analyzer“.

wifi
Фото: Printscreen

Доколку интернетот ви е бавен на лаптоп, измерете ја брзината на оваа веб-страница. Брзината не треба да се разликува драстично од интернет-пакетот што го користите, односно брзината што сте ја добиле. Доколку е многу помала од наведената во договорот, контактирајте го провајдерот.

Исчистете ја историјата на пребарување на интернетот, ѓубрето и слично

Во кој било веб-пребарувач што го користите, на пример „Гугл Хром“ или „Мозила Фајрфокс“, исчистете ги привремените датотеки, како што се колачињата, историјата на преземени датотеки, историјата на пребарувањата на интернет и слично.

Исто така, може да преземете програми како „CCleaner“. Оваа бесплатна програма ќе ги отстрани привремените датотеки со сите ваши веб-пребарувачи инсталирани на компјутерот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија