X
 17.01.2018 Образование

МОН најавува големи измени: Првачињата ќе имаат најмногу четири часа

Природни науки и Општество ќе бидат споени во еден предмет кој ќе се вика Светот околу нас. Ликовно и музичко образование исто така ќе се интегрираат во еден предмет - Уметност.



Првооделенците ќе имаат максимуим четири часа дневно. Часот ќе трае 55 минути до кои 40 ќе бидат наставни, а останатите 15 минути децата ќе имаат пауза која ќе ја одреди наставникот. Ова се само дел од промените во основното образование, кои на почетокот на годината ги најави министерката Раната Дескоска на прес-конференција.
 
Големи измени се предвидени и со предметите. Природни науки и Општество ќе бидат споени во еден предмет кој ќе се вика Светот околу нас. Ликовно и музичко образование исто така ќе се интегрираат во еден предмет - Уметност. Вака ќе се намали бројот на предметите и часовите за првачињата.
На часовите по Физичко и здравствено образование се воведува стручен наставник кој во тандем со одделенскиот наставник ќе ја реализира наставата. Овој предмет во погорните одделенија се заменува со предметот Спорт.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование