X
 17.01.2020 Живот

Крај за ковчезите - органски погребни капсули ги претвораат телата на починатите во дрвја

Кога ќе се спомене погреб, сите се натажуваат и помислуваат (нормално) на ковчези, надгробни плочи, големи гробишта итн. За повеќето, ова се сосема нормални работи поврзани со смртта и погребите. Сепак, компанијата „Капсула мунди“ експериментира со уникатен метод на закопување кој ефективно го претвора починатиот во дрво.

Како функционира?

Идејата е прилично едноставна и процесот во суштина е како животен циклус на дрво. Починатиот се става во специјална капсула во форма на јајце, која има улога на семе. Потоа капсулата се закопува во земја со дрво на врвот. Благодарение на тоа што е направена од биоразградлива пластика, капсулата е 100 отсто биоразградлива и сама ќе се распадне во земјата. Телото внатре исто така ќе почне да се распаѓа и ќе се трансформира во хранливи материи кои ќе бидат апсорбирани од корените на дрвото.

Идејата ќе овозможи саканите луѓе да живеат засекогаш како дел од дрво. Исто така, на овој начин местата каде што се закопуваат починатите ќе станат многу поживи. Наместо да има надгробни плочи, тоа може да бидат меморијални шуми каде што пријателите и роднините можат да одат и „да поминуваат време“ со оние што ги загубиле.

Фото: Disclose.tv

Процесот на закопување

Капсулата, која е замена за традиционалниот ковчег, всушност е целосно органска и биоразградлива, што му овозможува на дрвото да расте. Човечкото тело, штом еднаш ќе се стави во капсулата, се трансформира во хранливи материи. Можеби ова ви е чудно, но е сосема природен процес. Телата ќе треба да бидат ставени во капсулите или пред или по мртовечката вкоченост (rigor mortis), која трае одреден период, бидејќи во спротивно се намалува флексибилноста.

Откако телото ќе се стави во капсулата во фетална позиција, над капсулата се засадува семе или дрво. Слично на избирањето ковчег, и тука има голем избор, само што ова е многу поорганско.

Фото: Disclose.tv

Биоразградливи урни

„Капсула мунди“ нуди и биоразградливи урни, кои функционираат слично, само со пепелта од кремираните лица. Исто како и капсулите, урните се закопуваат и над нив се засадува дрво и со текот на времето капсулата се разградува и дрвото може да ги апсорбира сите хранливи материи што некогаш биле човечко битие.



Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот