X
 06.01.2023 Технологија

Како инженерите низ светот градат цели облакодери од дрво?

Со брзиот раст на населението низ светот се зголемува и изградбата на нови згради. Меѓутоа, традиционалните методи на изградба доведуваат до зголемување на емисиите на јаглероден диоксид и трошат многу енергија.

Една од најголемите грижи во изградбата на нови згради е производството на цемент, што остава негативен печат на околината. Затоа, дрвените згради може да бидат добра алтернатива.

Последните децении се градат облакодери од дрво за да се зголеми ефикасноста на процесот на изградба, притоа намалувајќи го штетното влијание на индустријата врз околината.

Видео објавено од веб-страницата „Вокс“ го покажува процесот на изградба на зграда од дрво. Во него може да се види изградба на зграда од 25 ката со дрвени структури.


Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија