X
 21.02.2021 Наука

Ново проѕирно дрво би можело да ги замени стандардните прозорци

Во лабораторија на Универзитетот на Мериленд бил создаден проѕирен материјал кој изгледа како пластика, но всушност е дрво. Овој материјал би можел да се користи за производство на енергетски ефикасни прозорци или проѕирни згради.

Како што вели Лјангбинг Ху, еден од истражувачите, дрвото има пониска топлинска кондуктивност, полесно е, посилно и подобро за околината. Затоа, планот е да се искористи материјалот во изградба на згради. Би била потребна помалку енергија за греење и ладење на зградите доколку прозорците се од овој вид проѕирно дрво. Освен тоа, прозорците би можеле да овозможуваат влез на природна светлина без силен сончев сјај во просториите. 

Истражувањето за новиот материјал е достапно овде.

Ова е само еден од начините на кои научниците и инженерите го менуваат градењето на домовите. Низ светот стануваат популарни облакодери направени од дрво, а научниците неодамна откриле и техника за производство на дрво во лабораторија.

Кога станува збор за новото проѕирно дрво, тоа е 50% посилно од претходните проѕирни дрвени материјали што биле создадени.

Автор: Адел Питерс
Извор: fastcompany.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука