X
 17.06.2020 Образование

Бесплатен онлајн-курс за трагање по заболени од Ковид-19

Кризата предизвикана од коронавирусот, односно болеста што ја предизвикува - Ковид-19, принуди илјадници луѓе да создадат нови вештини за кратко време. Низ светот се бараат работници што ќе ги наоѓаат потенцијалните преносители на коронавирусот и нивните контакти.


Фото: Pixabay

Универзитетот „Џонс Хопкинс“ нуди воведен курс за трагање по контакти поврзани со заразени лица.  

На курсот се учи за коронавирусот, периодот на заразување, клиничката слика на пациентите, начинот на заразување помеѓу луѓето и слично. За да се заврши курсот, потребни се околу 5 часа, а тој се спроведува на англиски јазик.


Пронајдете го курсот овде.

Извор: coursera.org 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование