X
 17.07.2020 Наука

Неверојатен феномен: Во Финска забележано ретко црвено виножито

Сигурно сте виделе виножито на небото. Можеби сте имале можност да видите и двојно виножито. Но, дали сте виделе црвено виножито?

Иако се чини невозможно, вакво црвено виножито неодамна било забележано во Европа.

Авив Џуно, рибар во Финска, го забележал виножитото додека ловел риба на неговиот брод на езерото Пејене, близу островот Хаукасало.

- Не сфатив дека е нешто посебно, но беше прилично морничаво - вели Џуно.

31-годишниот рибар ја споделил фотографијата на својот инстаграм-профил, по што таа веднаш стана популарна.

View this post on Instagram

Red midnight rainbow 🤯🌈

A post shared by Aviv Junno (@avivjunno) on


Џуно вели дека цел живот е рибар, но ваков феномен досега не видел.

Што го прави едно виножито црвено?

Виножитата се чести и се случуваат кога сјае во текот на дождовна бура. Капките од водата во атмосферата дејствуваат како призма која се распрснува во лесни бранови и се создава шарен лак што го гледате на небото.

Но, црвените виножита се далеку поретки.

Според веб-страницата „Ерт скај“, црвените виножита обично излегуваат тогаш кога сонцето е на ниско ниво во хоризонтот, за време на изгрејсонце или зајдисонце. Црвените виножита ја користат истата физика како и зајдисонцето, кое исто така дава црвени и портокалови нијанси.

Извор: Fox6now.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука