Постојат три тајни кодови што патниците на крстосувачи не сакаат да ги слушнат поради нивните застрашувачки значења. „Индепендент“ ги наведува со објаснување зошто овие зборови никогаш не е добро да се слушнат.
„Операција рајзинг стар/ брајтстар“
Ако ги слушнете овие зборови на бродот, тогаш нешто сериозно тргнало наопаку. Во основа, „Операција рајзинг стар“ се користи за известување на персоналот за смртен случај на крстосувачот, додека „Брајтстар“ се повикува за медицински итни случаи на бродовите на „Дизни“ и „Карнивал“.
-Ако го слушнете кодот „Операција рајзинг стар“, нема потреба да се вознемирувате. Персоналот веќе ги известил луѓето со кои патувал починатиот пред официјално да им соопшти на другите патници. Крстосувачите имаат меѓународни прописи и стандарди што треба да ги почитуваат, вклучително и законска обврска да имаат мртовечница на бродот ако има смртни случаи - истакнал Коди Канди, извршен директор на компанијата за патнички багаж „Баунс“.
„Ехо, ехо, ехо“
Ова е последното нешто што сакате да го слушнете на брод, а Канди вели дека тоа значи „подгответе се за несреќа“.
- Уште еден сигнал што не сакате да го слушнете. Обично се повторува три пати, „ехо, ехо, ехо“, што може да значи „подгответе се за судир“. Ова може да укаже на судир со друг брод или копно, како и на опасностите од силни ветрови или лебдење додека сте во пристаниште - истакнал Канди.

„Оскар, Оскар, Оскар“
Таквата наредба значи дека некој на бродовите на „Ројал Карибиан“ и „Селебрити“ паднал во морето.
- Кога ќе се случи ова, бродот обично ќе застане и ќе започне координирана операција за пребарување и спасување. Овој процес вклучува распоредување чамци за спасување и активирање на безбедносните процедури на бродот, за да се лоцира и спаси лицето. Ако случајно го слушнете овој код додека сте на палубата, бидете внимателни. И ако забележите некого во водата, веднаш известете вработен на бродот - потенцирал Канди.
Извор: index.hr
Фото: Freepik