X
 17.08.2022 Живот

Смислата за хумор може да го продолжи животот

Психологот Џенифер Акер и советничката за работа Наоми Багдонас напишале книга за смеата и нејзиното влијание врз животот. Во книгата „Хумор, сериозно: зошто хуморот е тајно оружје во бизнисот и животот“ (Humor, Seriously: Why Humor Is a Secret Weapon in Business and Life) се наведуваат многубројни истражувања кои докажуваат дека смеата го подобрува квалитетот на животот, но и дека може да го продолжи за осум години.

Тие ги објаснуваат резултатите од истражување во кое биле вклучени 1,4 милион луѓе во 166 земји од светот, а резултатите покажуваат дека луѓето не се смеат доволно. Според истражувачите, стапката на смеење се намалува по 23-тата година од животот, односно по студирањето.

Едно од истражувањата во книгата покажало дека едно просечно дете на 4-годишна возраст се смее 300 пати дневно, додека лице на 40-годишна возраст се смее 300 пати на секои 10 седмици.

Освен тоа, едно истражување покажало дека здравата смисла за хумор може да помогне во работата и во животот.

Едно истражување од Норвешка следело над 50.000 луѓе во период од 15 години. Резултатите покажале дека оние со поголема смисла за хумор во просек живеат 8 години подолго од другите.

Извор: Studomat
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот