X
 17.08.2025 Живот

Ова е најфотогеничниот град во Европа

На два часа оддалеченост од главниот чешки град, Прага, се наоѓа прекрасен мал град, насликан како со рака, чие полно име е Чешки Крумлов. Со помалку од 15.000 жители, тој е сместен на бреговите на реката В'лтава.

Чешки Крумлов настанал пред 800 години и е изграден во бајковити елементи и стилови на готика, ренесанса и барок. Тука со кајак може да се плови низ историјата, времето тече побавно, а еден цел ден чини помалку од вечера во Виена.

Секој миг изгледа како разгледница, па не изненадува фактот што градот е прогласен за најфотогеничен во Европа.

Впечатливиот историски центар


Најголема привлечност за посетителите е историскиот центар, полн со тесни улички и шарени фасади, каде што доминира замокот од 13 век, кој останал речиси недопрен. Тука може да се најде и одлична храна.

Историскиот центар со замокот во 1992 година бил прогласен за светско наследство на УНЕСКО, како еден од првите локалитети во земјата со таков статус. Градот го задржал распоредот на улиците од средниот век. Поголемиот дел од архитектурата на стариот град и замокот датира од 13 до 17 век, а градските згради се претежно во готски, ренесансен и барокен стил.

Уникатна градска поставеност

Јадрото на историскиот центар, наречено внатрешен град, се наоѓа во свиок од реката во форма на потковица, додека стариот дел Латран и замокот се сместени од другата страна на В'лтава.

Центарот на стариот град го сочинува Плоштадот на слогата. Неговата главна знаменитост е градската куќа од 1597 година, создадена со спојување на три готски куќи.

Извор: Avaz.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот