X
 17.12.2018 Живот

Кој европски народ најмногу ги сака планините?

Планините се едни од главните атракции во 13 отсто од индивидуалните патувања на населението на ЕУ во 2016 година, покажува статистиката објавена од Евростат

Истражувањето покажува дека луѓето од Словачка најмногу се искачуваат на планина (25 отсто од нивните патувања вклучуваат и посета на некоја планина), на второ место се Романците (24 отсто од патувањата), а потоа Франција и Италија (по 19 отсто од патувањата).

Спротивно на нив, луѓето од Литванија најмалку ги посетуваат планините (во нивните патувања планините се вклучени само 1 отсто). По нив се жителите на Естонија, Хрватска, Летонија и Шведска (2 отсто по патување), и Данска и Велика Британија (4 отсто).

Посетите на планина во 2016 година траеле во просек 6,4 ноќевања, што е подолго од просекот на сите други патувања на кои бројот изнесува 5,3. Жителите на Велика Британија реализирале најдолги патувања, што изнесувале во просек 14 ноќевања, а по нив се наоѓаат жителите на Грција со 12 и Естонија со 10,8 ноќевања.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот