Оваа европска дестинација не се наоѓа во студени, пасивни предели, не е ни во соседството, но вреди да се посети. И не само поради убавината и богатото културно наследство, туку и поради тоа што ќе се вратите со полни џебови.
Гранада е најевтината дестинација за одмор во Европа. Се наоѓа на југот на Шпанија и претставува град што навистина може да си го дозволите. Врз основа на истражување спроведено од веб-страницата „Омио“, Гранада се најде на врвот на листата кај патници со ограничен буџет.
Цената е значаен фактор за повеќето потенцијални туристи. „Омио“ ги рангира првите 100 дестинации за патување во Белгија, Германија, Франција, Италија, Холандија, Австрија, Швајцарија и Шпанија.
Градовите ги рангира врз основа на бројот на бесплатни атракции, пристапноста до локалниот транспорт и цените на храната и пијалаците. Гранада има низа бесплатни активности, односно 112, а тука се вклучени и 10 бесплатни музеи. Една обиколка на градот во просек чини 6 евра, а пивото во повеќето барови не е повеќе од 2 евра.
Освен тоа, Гранада има 1.011 бесплатни точки за безжичен интернет и 143 јавни фонтани. Редовниот автобуски билет е еден од најевтините во Европа и чини 1,40 евра.
Тврдината Алхамбра е главната атракција на Гранaда. Оваа спектакуларна тврдина била изградена како ѕид за одбрана, а потоа станала луксузна резиденција на насрдиските емири.
Бисерот на Андалузија
Друга од поважните историски атракции на Гранада е катедралата, импозантна зграда од готска, ренесансна и барокна архитектура за која биле потребни повеќе од 180 години за да се изгради.
Гранада е поврзана со големите градови во Шпанија со нов брз воз. Патниците можат да тргнат од Мадрид и да пристигнат во овој андалузиски град за три часа или за четири часа од Севилја.
Фото:
Wikipedia