X
 17.09.2016 Живот

Што никогаш не смеете да им кажете на мајките кои штотуку родиле?

Мајчинството е доста емотивен и посебен момент кој жените го доживуваат многу различно. Навикнувањето на новиот начин на живот, стравот од непознатото и силните промени на емоциите предизвикани од хормоните се само некои од работите поради кои новите мајки можат да бидат многу ранливи и исплашени.

Доколку наскоро планирате да посетите пријателка или роднина која неодамна станала мајка, добро би било да не ѝ ги кажувате овие реченици.

1. „Не цица? Не можам да си поверувам дека не цица“.

2. „Не мораш да го храниш бебето секој пат кога ќе заплаче. Ќе го разгалиш“.

3. „И? Кога планираш да се вратиш на работа?“

4. „Мислиш дека си уморна? Чекај, чекај, наредните неколку месеци нема да спиеш“.

5. „Моето бебе скоро никогаш не плаче“.

6. „И? Планирате друго дете?“

7. „Дали конечно успеа да ги изгубиш килограмите од бременоста?“

8. „Тоа не е ништо. Кога ќе го родиш второто ќе видиш што се обврски“.

9. „Сега кога си дома, што правиш по цел ден?“

10. „Леле, колку е големо! Со што го храниш?“ или „Колку е малечко, не може ни да се држи во рацете“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот