X
 17.09.2018 Живот

Првпат во Макао се затвораат коцкарници, тајфунот „Мангхут“ пустоши сѐ пред себе

Тајфунот „Мангхут“ ослабна и сега е тропска бура. Се движи кон внатрешноста на Кина, а зад себе остави десетици загинати и опустошени градови од Хонгконг до Филипините.

Бурата ги погоди јужниот кинески брег и неколку кинески провинции, а се очекува да потрае и во текот на следните денови. Жителите на Хонгконг се предупредени да бидат внимателни поради налетот на бурата и да се држат подалеку од бурата. Градскиот превоз е запрен, а речиси 900 лета се откажани. Тајфунот се заканува да стане најјак тајфун што го погодил Хонгконг во последните две децении.



- Подгответе се за најлошото - предупреди министерот за безбедност на Хонгконг, Џон Ли Ка-чију.

Предупредувањето дојде откако тајфунот го опустоши северниот дел од Филипините, каде што во сабота, проследен со удари од ветар и од 255 километри на час, го погоди островот Лузон.

Тајфунот на северот од Филипините остави пустош, а загинаа 69 лица, додека 43 се водат како исчезнати. Во Хонгконг загинаа две лица.

Кинеските власти соопштија дека четири лица ги загубиле животите при паѓање на дрвја и згради. Повеќе од 2,4 милиона лица се евакуирани од јужната кинеска покраина Гуангдунг.

Ова е најјакиот тајфун што го погодил архипелагот од почетокот на годината, а брзината на ветрот е и до 190 километри на час. Најмногу луѓе загинаа при лизгањето на земјишта, поплавите и срушените живеалишта. Првпат во Макао превентивно се затворени коцкарниците. Таму е наредено казината да се затворат во 23 часот во саботата, што е прва ваква одлука донесена во овој град.

Од друга страна, во Северна Каролина бурата „Флоренс“ зеде 17 животи, а поради страшните поплави, се очекува и полош биланс. Голем број луѓе се наоѓаат во привремени засолништа, а 760.000 останаа без електрична енергија.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот