X
 17.09.2023 Забава

Во кои држави најмногу се пие пиво?

Во 2021 година во светот се испиле 185 милиони килолитри пиво, доволно да се наполнат над 74.000 олимписки базени. Во кои држави се пие најмногу пиво?

Инфографик на „Вижуал капиталист“ покажува дека на врвот се наоѓа Кина, каде што се испиле 38.093 илјади килолитри пиво во 2021 година, односно 20,5 отсто од глобалната консумација. Следуваат САД со 24.170 илјади килолитри, Бразил со 14.540 илјади килолитри и Русија со 8.937 килолитри.



Меѓутоа, податоците се различни доколку се гледа количеството пиво по глава на жител. Тогаш, на врвот е Чешка со 184,1 литри пиво по глава на жител во 2021 г. Следуваат Австрија со 98,7 литри, Литванија со 96,3 литри и Романија со 95,6 литри. Помеѓу првите десет се наоѓа и Хрватска, каде што се испиле просечно 82,4 литри пиво по глава на жител во 2021 година.

Извор: Visual capitalist
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава