Дали неодамна сте го намалиле внесот на кофеин и чувствувате дека имате најживописни соништа во животот?
Иако намалувањето на кофеинот може да има неколку предности, како посветли заби и помалку одење во тоалет, честа појава е луѓето да имаат живописни, понекогаш и чудни соништа.
Како кофеинот влијае врз сонот?
Кофеинот е стимуланс кој нè држи будни со блокирање на аденозинот во мозокот. Аденозинот се наталожува во текот на денот и предизвикува сонливост навечер. Кофеинот го блокира овој сигнал, па иако аденозинот е присутен, не чувствуваме замор. Кога кофеинот ќе престане да дејствува, се јавува „кофеински пад“ и зголемена желба за спиење.
Кофеинот, особено ако се консумира попладне или навечер, може да го наруши сонот и да го намали длабокиот сон. Иако нема директни докази, луѓето често забележуваат дека по намалувањето на кофеинот нивните соништа стануваат појасни и поинтересни.
Причината е тоа што кофеинот може да го намали сонот и да предизвика чести будења во текот на ноќта. Намалувањето на кофеинот овозможува телото да „се врати“ и да добие повеќе РЕМ-сон - фазата на сонот поврзана со соништата. Повеќе РЕМ-сон значи повеќе можности за живописни соништа и поголема шанса да ги запомниме.
Освен во кафето и енергетските пијалаци, кофеинот се наоѓа и во чајот, чоколадото, газираните пијалаци, додатоците пред тренинг и некои лекови. Ако не сакате целосно да го исфрлите кофеинот, обидете се да избегнувате да го внесувате најмалку осум часа пред спиење и да не пиете големи дози.
Извор:
Science Alert
Фото: Freepik