Во Кана, на северот на Виетнам, се одржува таканаречениот „пазар на љубовта“, традиција на етничките заедници Дао и Х’Монг, која се одржува секоја сабота. Овој настан спојува луѓе, им овозможува дружење, создавање врски и учество во заеднички активности. Корените на овој обичај датираат од 19 век.
Од традиција до туристичка атракција
Некогаш пазарот се одржувал еднаш годишно, пред пролетната берба, но денес е претворен во неделен настан во центарот на Сапа. Настанот започнува во 18 часот и претставува туристичка атракција каде што посетителите можат да се запознаат со локалниот фолклор, ракотворби и улична храна како познатото димено биволско месо.
Традиционални игри и љубовни ритуали
Во минатото токму таму девојките и момчињата се запознавале, а некои подоцна и се венчавале. Момчињата свиреле и танцувале, а девојките одговарале со пеење или свирење на инструмент изработен од лист. Се практикувал и обичај на „киднапирање“ - момчето прво барало дозвола од родителите и помош од пријателите, по што следувал тридневен пробен соживот.
Пазар на прељубата
Во провинцијата Ха Гијанг се одржува уште еден уникатен собир познат како „пазар на прељубата“. Се одржува еднаш годишно, на 27. ден од третиот лунарен месец (април или мај).
Легендата вели дека потекнува од љубовна приказна на млад пар од различни етнички заедници, чија љубов била забранета. Тие се разделиле, но си ветиле дека ќе се среќаваат еднаш годишно - традиција што опстојува и денес.
Овој пазар е место каде што младите и возрасните, оженети и неженети, можат слободно да се запознаат и дружат. За брачните парови тоа е можност повторно да ги видат своите поранешни љубовници и да споделат спомени без љубомора, туку со почит.
Извор:
Putnikofer.hr
Фото: Pixabay