X
 23.08.2016 Живот

Колку фази има љубовта?

Секој сака вистинска и трајна љубов со партнер што ќе трае цел живот. Иако често се мисли дека сме го одбрале погрешниот партнер, често грешката се состои во нешто друго. Љубовта има неколку фази и секоја врска е по нешто карактеристична. Но дали сите парови минуваат низ сите нејзини процеси?

Вљубување

Заљубувањето е трик на природата да ги намами луѓето да изберат партнер. Во оваа фаза преплавени сме од хормоните како допамин, окситоцин, серотонин, тестостерон и естроген. Заљубувањето прави да ги проектираме нешти надежи и соништа на партнерот: сакаме да направиме нешта што сме ги пропуштиле како деца, или да ги исполниме ветувањата од минатите врски што сме ги заборавиле. Но, поради хормоните, не сме свесни за сите нешта.

Стануваме партнери

Во оваа фаза љубовта се продлабочува кога љубовниците се заедно како пар. Ова е времето кога се појавуваат и децата. Тогаш се продлабочува партнерската врска и е време на заедништво и радост. Овде многу не се чувствува заљубеноста, туку поврзаноста со партнерот. Чувствуваме сигурност, грижа и почит, близина и заштита. И често мислиме дека ова е фазата што ќе трае засекогаш.

Разочарување

Во оваа фаза често браковите се распаѓаат, време во кое малите нешта почнуваат да ни пречат и кога помалку ја чувствуваме љубовта. Стануваме полути, повредени или се повлекуваме. Оваа е фаза во која можеби се прашуваме каде е личноста во кој сме се заљубиле. Често се јавуваат и поголеми здравствени проблеми. Во овој париод треба да одлучиме дали да работиме на врската и партнерството и да ги тргнеме разочарувањата или да ставиме крај.

Креирање на вистинска, трајна љубов

Во третата фаза имаме шанса да дојдеме до суштината на причините за болката и конфликтите. Многу истражувања покажале дека некои трауми од детството може да имаат влијание на физичкото и емоционалното и здравите врски и во подоцнежните години. Можеби треба да размислувате во оваа насока. Партнерот треба да ве сака поради вашата автентична личност. Периодичното лошо однесување не треба да биде пречка во креирањето на трајната љубов.

Со заеднички сили го менувате светот

Светот во кој живееме не е во најдобрата можна состојба. Ако успеете да ги надминете разликите и да најдете трајна љубов, можеби заеднички можете да работите на поголеми општествени придонеси. Разгледајте кои се ваши заеднички интереси и во која сфера може да делувате: можеби ќе напишете книга, или ќе работите локално на еколошки проект.

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот