X
 17.11.2022 Образование

Одржана Трета факултетска конференција „Техниката и урбаниот развој“

Студентското собрание при Техничкиот факултет Битола одржа Трета факултетска студентска конференција посветена на техниката и урбаниот развој. 

На Конференцијата се претставени повеќе трудови од студенти запишани на додипломски и постдипломски студии од отсеците „Електроенергетски системи и обновливи извори на енергија”, „Машинство”, „Индустриско инженерство и менаџмент”, „Сообраќај и транспорт” и „Мехатроника”.  Конференцијата доби и меѓународен предзнак со учеството на студенти  од ФИКТ –Битола, Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје и гостин од Сараево.

Настанот се одржа на Техничкиот факултет – Битола на 16.11.2022 г.  во рамки на одбележувањата на Светскиoт ден на науката. Честитки за идеите и иницијативноста до учесниците упатија деканот на Техничкиот факултет, проф. д-р Митко Костов и претседателот на факултетското Собрание, Никола Гачевски. 

1

- Студентите се полни со идеи и иницијативи. Впрочем, идејата за оваа конференција произлезе од нив самите, а ние тука сме да ги поддржиме и да им помогнеме вели -  деканот Костов којшто нагласува дека „една од основните цели коишто ги имаме поставено како професори е да им овозможиме на нашите студенти реално знаење, директно применливо, во науката, индустријата и во општеството, бидејќи факултетот е многу повеќе од згради и училници, факултетот го прават пред сè студентите што претставува и гаранција дека ќе добијат квалитетно образование и оваа Конференција е пример за вклученоста на професорите како ментори, и ако признанието се однесува на самите студенти.

2

ФСС на Техничкиот факултет во Битола ја презеде целата организација околу подготовката на Конференцијата. Претседателот на Собранието Никола Гачевски истакна дека на настанот претставени се тринаесет трудови и смета дека на овој начин студентите се дружат и се зближуваат, прават истражувања и споделуваат знаења и искуства. Како благодарност за нивната вклученост во конференција посветена на Техниката и урбаниот развој на сите учесници им се доделени подароци обезбедени од спонзорите и други партнери кои се редовни и долгогодишни пријатели на Техничкиот факултет - Битола и на УКЛО.

uklo

Проф. д-р Јасмина Буневска Талевска професор на Факултетот и воедно проректор за студентски работи на УКЛО, е  главниот иницијатор за одржувањето на Првата студентска конференција во 2020 година. ,,Нема поголемо задоволство од тоа да нешто што сте го започнале пред три години, во услови на пандемија, успешно продолжува, има свој континуитет,, вели таа и нагласува дека  основната идеја е да се мотивираат и професорите како ментори да работат со студентите, со нивна вклученост да се постигне еднодневно дружење и труд, да се претстават на претстојната Универзитетска студентска конференција и секако,  најдобрите да бидат наградено соодветно, а дополнително,  технички уредени, преведени на англиски јазик да може да се објават во меѓународни списанија.

Универзитетската студентска конференција на УКЛО ќе се одржи на 21 декември 2022 година.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование