X
 17.11.2025 Живот

Нови правила за жирито кое одлучува за доделувањето на „Оскарите“

Академијата за филмски уметности и науки годинава бара жирито да потврди дека ги гледало сите филмови номинирани во секоја категорија за да може да гласа.

Повеќе од 10.000 членови на Академијата добиле инструкции за чекорите што треба да ги преземат пред рокот за гласање на 5 март.

Академијата во април ја променила политиката, пропишувајќи дека членовите на жирито мора да го гледаат секој номиниран филм во категоријата за која гласаат.

Во е-пошта испратена на 30 октомври првпат детално е објаснето спроведувањето на правилото: членовите на жирито мора да ги гледаат сите пет филма во категориите со пет номинации и сите десет кандидати за најдобар филм.

Филмовите гледани преку проекциската сала на Академијата или нејзиниот стриминг-сервис ќе бидат автоматски верификувани, додека другите ќе мора рачно да се означат како „гледано“.

Академијата посочува дека се работи за „систем на чест“


Жирито ќе добива известувања за категориите во кои уште треба да гледа одредени филмови за да го оствари правото на глас.

Три члена на Академијата изразиле сомневање за можноста за контрола, наведувајќи дека жирито може да пушти филм на сервис без навистина да го гледа.

Новата политика е воведена поради големото влијание на стриминг-сервисите врз начинот на гласање и со цел да се спречи жирито да фаворизира одредени филмови без да ги гледа сите кандидати во категоријата.

Како пример се наведува успехот на филмот „Анора“, кој освои пет награди, а не е сигурно дали гласачите што го поддржале навистина ги гледале помалку популарните конкуренти како „Момчињата од Никел“ или „Сè уште сум тука“.

Академијата воведе и други промени, вклучувајќи награда за достигнувања во кастинг од 2026 година и награда за дизајн на каскадери од 2028 година.

Номинациите за „Оскар“ ќе бидат објавени на 26 јануари, а 98. доделување на наградите ќе се одржи на 15 март. Домаќинот на овогодишната церемонија, Конан О’Брајен, ќе биде домаќин и на следното доделување на „Оскар“.

Извор: Atvbl.rs
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот