X
 19.03.2024 Култура

Феноменални филмови од 2023 година што не беа номинирани за „Оскар“

Секоја година Академијата на филмски уметности ги избира најдобрите филмови и ги наградува со „Оскар“. Но, исто така, секоја година излегуваат филмови кои воопшто не се кандидати за „Оскар“, но сепак имаат огромен потенцијал и се прилично добри.

Дали така беше и оваа година? Веројатно да, а во продолжение ви нудиме филмови кои ќе ве импресионираат исто како оние што добија „Оскар“.

„Животинското царство“ (The Animal Kingdom)



Интересна приказна што раскажува за авантурата на татко и син во свет каде што некои луѓе почнаа да мутираат во други животински видови.

„Творецот“ (The Creator)




За време на војната помеѓу луѓето и роботите со вештачка интелигенција, поранешен војник го наоѓа тајното оружје во форма на мало дете.

„Раѓање/Преродба“ (Birth/Rebirth)



Teхничар во мртовечница успешно го реанимира телото на мало девојче, но за да продолжи девојчето да дише, мора да собере биолошки материјал од бремени жени. Кога мајката на девојчето открива дека нејзиното бебе е живо, тие прават договор што и двете ги принудува на мрачен пат од кој нема враќање.

„Црвени соби“ (Red Rooms)



Кели Ен е модел и е опседната со популарниот случај на сериски убиец. Таа тргнува по мрачен пат за да го добие исчезнатото видео од убиство на млада девојка на која многу личи.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура