X
 24.06.2017 Забава

Најбесмислените веб страници на интернет

Интернетот ни има овозможено многу корисни алатки, но овие страници не можат да се вбројат во нив. Сепак, ако нешто е бесмислено, не значи дека не е забавно. Можеби некои од овие бескорисни страници на интернет сепак ќе ви се допаднат.

„Bacon Sizzling“ - Ова е страна на која можете да го гледате „чврчорењето“ на сланината додека се пржи.

„Watching Grass Grow“ -
Како што кажува и самото име, страницата е посветена на растењето на тревата. На оваа страна, која постои уште од 2002 година можете во живо да гледате како расте тревата.

„Falling Falling“ -
Оваа страница е психоделичен тобоган кој го следи иритантен звук.

„Taghua“ - Ова е симпатичен уметнички проект кој секој пат кога ќе го посетите создава единствено мало стебло кое потсетува на цреша. Ако дрвото не ви се допаѓа, можете да го ресетирате генераторот, да добиете ново, а потоа да го набљудувате како расте.

„PoPoPopcorn“ -
Ако сакате пуканки, тогаш ова е страницата која навистина ќе ви се допадне бидејќи прикажува како пукаат пуканките.

„Scanwiches“ - Ова е дигитална ода на омилениот оброк. Пронајдете го вашиот фаворит и сите информации за него, а потоа погледнете ја фотографијата со висока резолуција од неговиот пресек.

„Payfornothing.club“ - Купувањето никогаш не било поедноставно.

„Kim Jong-il looking at things“
- Галерија која потекнува од мрежата „Tumblr“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава