X
 17.01.2018 Наука

Техника за справување со стресот

Лоши работи му се случуваат на секого. Не е фер, не е во ред, но тоа е факт. Иако нема начин да се спречат трагедии, сепак, има мали работи што може да ги забележите за да спречите тие падови да се претворат во катастрофа. Според невролозите, техниката наречена „пре-мортем“ е еден лесен начин за да се остане смирен во стресни периоди.


Кога се соочувате со стресна ситуација, тоа значи дека во вашето тело се лачат адреналин и кортизол, два хормона што го забрзуваат чукањето на срцето и го заматуваат вашето размислување. Тоа се должи на добра еволуциска причина. Замислете сцена во која нашите предци се соочувале лице в лице со крволочно животно. Адреналинот и кортизолот што се ослободуваат во тој момент им овозможиле да ги создадат потребните алатки за да се справат со ситуацијата, жртвувајќи ги на тој начин имунолошкиот систем, дигестивниот систем, рационалното размислување и слично. 

Таквите денови веќе ги нема, но присутни се настани што предизвикуваат стрес. Психолозите развиле концепт за начин со кој подобро ќе се справуваме со стресот во модерното време. Техниката „пре-мортем“ е начин за подготвување за стресот уште пред да се случи. Бидејќи не можеме да спречиме нешто да тргне на лошо, можеме барем да бидеме подготвени за ситото. Ова е техниката: Погледнете во иднината и замислете го најлошото можно сценарио. Потоа, направете сè што можете за да спречите тој кошмар да стане ваша реалност, или барем намалете ја штетата што може да се нанесе. Дел од техниката е да се сфати дека под стрес нашиот мозок нема способност за рационално размислување, па затоа се препорачува јасно размислување во период во кој нема стрес, со цел да се планираат активности во случај на катастрофално сценарио.

Исто така, се советува да назначите места за работите што лесно можат да се изгубат. На пример, да ги ставите клучевите на предната врата, да го чувате телефонот блиску до полначот кога не е во вашиот џеб и слично. Можете и да направите фотографии од кредитните картички и пасошите на вашиот телефон. Техниката може да се употребува и за посериозни дилеми, како на пример финансиски одлуки или медицински третмани.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука